Туристички потрошувачки кредит

-
Кредитен калкулатор
Каматна стапка
7.26 %
Месечен ануитет
6.342
Вкупно враќате
107.822
Вкупна камата
7.822
СВТ од 0 %.
*Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка.
-
Линкови десно
Потрошувачки кредит наменет за туристички патувања
Летување, зимување, крстарење и авантура, Туристичкиот кредит Ви овозможува да ја изберете својата омилена дестинација и да ги остварите своите соништа
- Без жирантиMожност за кредит до 90,000 денари без жиранти
- Флексибилна отплатаМожност за отплата на 12, 24 или 36 месеци согласно Вашите желби и можности
- До 150,000 денариМожност да добиете кредит до 150,000 денари со 1 жирант
- Лесно аплицирањеМожност за аплицирање во сите експозитури на Еуростандард Банка
- Сите туристички агенцииТуристичкиот кредит е наменет за сите видови патувања без разлика од која туристичка агенција е понудата
- Maestro дебитна картичкаПри аплицирање за Туристички кредит добивате бесплатна Маестро дебитна картичка
Карактеристики на кредитот
- Максимален износ до износ на издадена профактура од туристичка агенција, максимум 150,000 денари
- Рок на отплата до 36 еднакви месечни ануитети
- Каматна стапка: почетна каматна стапка изнесува 11,25% на годишно ниво. Истата е променлива и се менува согласно измените во референтна каматна стапка објавена на www.nbrm.mk по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 8 процентни поени но не помалку од 11,25% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка. Усогласување на каматната стапка се врши два пати годишно по истек на полугодие
- Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
- Надоместоци до 1,5% еднократно за управување со кредитот, минимум 500 денари
Право на користење
- Корисник на Туристички кредит може да биде кредитоспособно физичко лице во редовен работен однос или пензионер кој ја прима пензијата на трансакциска сметка во Банката.
Потребна документација
- За вработени во приватен сектор да се достави фотокопија од М1-М2 обрасци и рекапитулари за исплата на плата заверени во УЈП за последните 3 месеци и тековна состојба за фирмата од Централен регистар
- Во прилог на барањето задолжително да се достават фотокопии од документ за идентификација на кредитобарателот како и профактура од туристичката агенција
НAПОМЕНА:
- Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит
- Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот
- Отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/3 (една третина) од месечните примања на кредитокорисникот