Шопинг потрошувачки кредит

-
Кредитен калкулатор
Каматна стапка
7.26 %
Месечен ануитет
6.342
Вкупно враќате
107.822
Вкупна камата
7.822
СВТ од 0 %.
*Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка.
-
Линкови десно
Кредит наменет за купување на техничка опрема
Шопинг кредитот претставува потрошувачки кредит без жиранти, наменет за набавка на секаков тип на техничка опрема
- До 90,000 денариМожност да добиете кредит до 90,000 денари без жиранти
- До 300,000 денариМожност да добиете кредит до 300,000 денари со 1 жирант
- Флексибилна отплатаМожност за отплата на 12, 24, 36 или 48 месеци согласно Вашите желби и можности
- Лесно аплицирањеМожност за аплицирање во сите експозитури на Еуростандард Банка
- Мaestrо® дебитна картичкаПри аплицирање за Шопинг кредит добивате бесплатна Маестро дебитна картичка
Карактеристики на кредитот
- Максимален износ до 300,000 денари, во зависност од кредитната способност на кредитобарателот
- Рок на отплата до 48 еднакви месечни ануитети
- Каматна стапка: почетна каматна стапка изнесува 10.25% на годишно ниво. Истата е променлива и се менува согласно измените во референтна каматна стапка објавена на www.nbrm.mk по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 8 процентни поени но не помалку од 10.25% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка. Усогласување на каматната стапка се врши два пати годишно по истек на полугодие
- Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
- Надоместоци до 1,5% еднократно за управување со кредитот, 250,00 денари трошоци за аплицирање
Обезбедување
- За кредити до 90,000 денари, меница со менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот
- За кредити поголеми од 90,000 денари, меница со менична изјава потпишана од Корисникот на кредитоти 1 (еден) кредитоспособен жирант
Право на користење
- Физички лица, државјани на РМ, приматели на плата во Еуростандард Банка
- Нето платите на кредитобарателот и жирантите не смеат да бидат помали од 10.000 денари
Потребна документација
- За вработени во приватен сектор да се достави фотокопија од М1-М2 обрасци и рекапитулари за исплата на плата заверени во УЈП за последните 3 месеци како и тековна состојба за фирмата од Централен регистар.
- Во прилог на барањето задолжително да се достават фотокопии од документ за идентификација на кредитобарателот и жирантите.
НAПОМЕНА:
- Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит
- Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот
- Отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/3 (една третина) од месечните примања на кредитокорисникот