Последни Новости

Последни Новости (0)

Предвремена исплата на пензии

Почитувани клиенти,

Сите приматели на пензии кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард Банка, ќе добијат исплата на пензиите на 27-мај (среда).

Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка, имаат дополнителна можност за дозволено пречекорување во висина до 3 пензии.

Корисниците на дебитни картички пензиите ќе можат да ги подигнат на банкомати на Банката и на банкомати на сите други банки без провизија.

Пензионерите кои не се корисници на дебитни картички апелираме при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка за полесно располагање со средствата во претстојниот период.

Оние пензионери кои ја добиваат пензијата во својот дом, Еуростандард Банка ги известува дека ќе им биде доставена исто така на 27-мај.

 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

Дополнителни поволности за корисниците на парични права од социјална заштита

Почитувани клиенти,

Дополнителни поволности за корисниците на парични права од социјална заштита.

Ве известуваме дека на 4-ти мај 2020 година (понеделник), Еуростандард Банка ќе започне со исплата на паричните права од социјална заштита. Банката излезе во пресрет на Вашите барања и одлучи Експозитурата Центар да ја намени исклучиво за Вас корисниците на надомест од Министерството за труд и социјална политика. Истата се наоѓа спроти "Дом на инвалиди" на ул. Даме Груев бр.3, во Скопје. Сите корисниците кои ја примаат паричната помош во Еуростандард Банка ќе добијат дополнителна можност за потрошувачки кредит како и можност за дозволено пречекорување на својата сметка. Корисниците на Mastercard дебитни картички ќе можат своите средства да ги подигнат на банкомати на Банката и на банкомати на сите други банки без провизија.

Работното време на експозитурата Центар е до 16 часот.

 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

Исплата на пензии за април

Почитувани клиенти,

Сите приматели на пензии кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард Банка, ќе добијат исплата на пензиите на 28-април (вторник).

Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка, имаат дополнителна можност за дозволено пречекорување во висина до 3 пензии.

Корисниците на дебитни картички пензиите ќе можат да ги подигнат на банкомати на Банката и на банкомати на сите други банки без провизија.

Пензионерите кои не се корисници на дебитни картички апелираме при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка за полесно располагање со средствата во претстојниот период.

Оние пензионери кои ја добиваат пензијата во својот дом, Еуростандард Банка ги известува дека ќе им биде доставена исто така на 28-април.

За поголема заштита на пензионерите, Еуростандард Банка исплатите ќе ги врши во термин од 08:00 до 12:00 часот.

Ги замолуваме сите клиенти кои не се пензионери, доколку имаат потреба да дојдат во некоја од експозитурите на банката, тоа да го сторат по 12 часот, со цел да им се даде предност и приоритет на пензионерите како најзагрозена група на граѓани.

 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

Промена на работно време заради намалување на рестрикциите на движење

Почитувани клиенти,

Согласно донесените Одлуки од Владата, за намалување на рестрикциите на движењето, Еуростандард Банка Ве известува дека од денес 23.04.2020 година, изврши промена на работното време на своите експозитури.

• Експозитурата Централа во работните денови ќе Ви биде достапна од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 10:00 до 13:00 часот.
• Останатите експозитури на Еуростандард Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 08:00 до 14:00 часот.

Доколку морате да посетите некоја од нашите експозитури, задолжително е носење на заштитна маска при влез во просторијата. Банката ќе ги почитува Одлуките на Владата и нема да дозволува влез во експозитурите на лица кои со себе нема да имаат соодветна заштита.

Ви препорачуваме да ги користите бесплатните електронски сервиси и мрежата на банкомати на Еуростандард Банка и што е можно помало движење и директен контакт во експозитурите на банката.


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

Промена на работно време на експозитури

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека во согласност со последните воведени мерки од Владата на РСМ за спречување на ширење на Корона вирусот, како и промената на полицискиот час, Еуростандард  Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од среда 08.04.2020 година.

• Сите експозитури на Еуростандард Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 08:00 до 14:00 часот.
• Експозитурите на Банката во сабота нема да работат.

За Ваша поголема заштита, овој период ќе Ве замолиме да се насочите кон плаќања преку Вашите картички и електронско банкарство.

Ве потсетуваме дека со нашата Mastercard дебитната картичка можете да повлекувате средства и од банкомати на сите банки во земјава без надомест.


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВНА ПОНУДА За промена на договорни услови на кредитните производи на правни лица

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје Ве повикува, своите клиенти правни лица, да пристапите кон промена на договорните услови на кредитните производи, со цел олеснување на последиците и негативните ефекти во работењето во времетраењето на вонредната состојба.

Доколку Банката досега дирекно не Ви се обратила, Вие можете самоиницијативно да побарате промена на договорни услови со пополнување на Барање во вонредни услови (КОВИД-19), кој покрај во писмена форма на адреса на Банката, ул.Никола Кљусев бр.2, 1000 Скопје можете и електронски да го пополните и во скенирана форма да го доставите, заклучно со 17.04.2020 година.

Согласно Вашите потреби, Банката ќе Ви достави персонализирана понуда за олеснување на договорните услови, како известување преку електронска и/или писмена комуникација.

Електронската комуникација се одвива преку:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За дополнителни информации на располагање Ви се следните телефонски броеви:

• Невена Јоновска 02/ 3249-494 - Дирекција за големи клиенти;
• Филип Блажевски 02/ 3249-476 - Дирекција за мали и средни клиенти.

Дозволете, заедно со Вас да го одбереме најдоброто решение, во склад со Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр.80 од 27.03.2020 година) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на РСМ бр.бр.76/20 од 24.03.2020 година).


 

 


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВНА ПОНУДА За промена на договорни услови за кредитните производи на физички лица

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Сужбен весник на РСМ бр.76/20 од 24.03.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр.80 од 27.03.2020 година), со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Еуростандард Банка АД Скопје на ден 07.04.2020 година, ја објавува следната

ЈАВНА ПОНУДА

За промена на договорни услови за кредитните производи на физички лица

 

Понудата се однесува за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на кредитни производи и кредитни картички, со класификација на категорија на кредитен ризик А, Б и В кои немаат статус на нефункционална изложеност на 29.02.2020 година.

Понудата се однесува на следните производи:

I. Корисници на кредит
II. Корисници на ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на трансакциска сметка
III. Корисници на КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

ДОГОВОРНИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ ТИПОВИ ПРОИЗВОДИ

Сите физички лица – должници кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите без промена на договорните услови, во рокод 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 17.04.2020 година, задолжително е да ја ОДБИЈАТ понудата.

Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја ОДБИВААТ Понудата, и тоа само преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:

А. Директно известување по електронски пат во било кое време во наведениот рок од 10 дена, на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., во кое ги наведувате Вашата трансакциска сметка, име и презиме и датум на раѓање.

Б. Писмено известување на следната адреса: Никола Кљусев бр.2, 1000 Скопје, со назнака „Одбивање на Понуда“, при што во самиот документ треба да наведете име и презиме, датум и своерачен потпис, како и да се идентификувате со број на Вашата трансакциска сметка и Датум на раѓање.

Сите писмени известувања, кои ќе бидат примени во архивата на Банката на горенаведената адреса или испратени по пошта со поштенски печат на ковертот во рокот додека важи Понудата, односно заклучно со 17.04.2020 година, ќе бидат прифатени согласно важноста на Понудата.

Правно дејство на Понудата:

Променетите услови кои произлегуваат од оваа понуда произведуваат правно дејство спрема должниците, солидарните должници и заложните должници без склучување на нови договори/анекси кон договорите. Правното дејство на променетите услови има важност на целокупна договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски-невладетелски, меници, гаранции, договори за осигурување/полиси за осигурување, договори за пристапување кон долг, и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарските исправи и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри. Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови и за сите кредитни производи на клиентот во Банката.

Останати договорни одредби:

Сите останати договорни одредби од постоечките договори, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на договорите, вклучувајќи го износот на доспеаните, а неплатени обврски, во периодот пред објава на оваа Понуда. Со објавувањето на оваа Понуда на веб-страницата на Банката, се смета дека Понудата е доставена до сите физички лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, на денот на објавувањето.

Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Банката и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда на 17.04.2020 година.

Физичките лица кои што нема да ја одбијат Понудата на Банката до 17.04.2020 година, се смета дека ја прифатиле Понудата, со што сите услови од оваа Понуда стануваат полноважни и се сметаат за составен дел на склучените договори со физичките лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, како и на целокупна договорна пропратна документација и на сите нотарски исправи и обезбедувања без склучување нови договори и/или анекси.

 

I. Корисници на кредит

  1. Грејс период за отплата од 6 (шест) месеци, почнувајќи од април 2020 година, a заклучно со септември 2020 година во кој период нема да достасуваат месечните ануитети по кредитите.
  2. Продолжување на крајниот рок на отплата на кредитот за период од 6 (шест) месеци.
  3. Пресметаната камата за цело времетраење на грејс периодот рамномерно ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен планБанката нема да пресметува камата на распоредената камата.
  4. Трајниот налог и административната забрана ќе бидат ставени во мирување заклучно со 30.09.2020 година.Ве молиме да го известите Вашиот работодавач за време на грејс периодот административната забрана за отплата на кредитот да биде ставена во мирување.
  5. Самостојни уплати на кредитната партија се дозволени за време на грејс периодот.Банката овие уплати ќе ги евидентира на следниот начин:
  6. за кредитна партија со недоспеани обврски, ќе се сметаат како примени аванси во текот на грејс периодот, кои во септември 2020 година кумулативно ќе се евидентираат како уплата за предвремена отплата на недоспеаната главница, без доставување на писмено барање од страна на корисникот на кредитот.

б. за кредитна партија која има доспеани обврски, ќе се сметаат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит. За уплатите кои ќе следуваат по затворање на доспеаните обврски, ќе се постапува согласно точка 5, став а. од оваа Понуда

  1. Нов Амортизационен план за отплата:По евидентирање на сите промени на кредитното салдо предвидени во точка 3 и 5 од оваа Понуда, како и согласно промената одточка 2, во септември 2020 година, Банката ќе изготви нов амортизационен план на отплата на кредитот и почнувајќи од октомври 2020 година ќе продолжи со редовно доспевање на ануитетите по кредитот. Банката ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит.
  2. Затворање на кредит во текот на грејс периодот:Доколку корисникот на кредитот, во текот на грејс периодот изврши целосна отплата на кредитот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит.

 

II. Корисници на ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на трансакциска сметка

Во периодотод 01.04.2020 до 30.09.2020 година секоја дополнителна уплата од страна на корисникот ќе го намалува долгот по основ на искористено пречекорување и истиот ќе биде повторно на располагање на корисникот.

Камата: Во наведениот период, Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволено пречекорување.

Рокот на користење на дозволеното пречекорување, Банката автоматски го продолжува до 30.09.2020 година (без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив). По 30.09.2020 година, ќе се применуваат редовните одредби предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување.

 

III. Корисници на КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

  1. Промотивна каматна стапка: Износот на редовна камата за отплата на искористениот дел од кредитниот лимит ќе изнесува 6,0% заклучно со 30.09.2020 година.
  2. Грејс период: Во периодот од 6 (шест) месеци, од април до септември 2020 година, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 3% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот.
  3. Самостојни уплати на кредитната картичка:За време на промотивниот период корисникот има право самостојно да врши уплати на кредитната картичка. Сите уплати на сметката на кредитната картичка, ќе се евидентираат како приливи на сметката и со истите ке се намалува долгот согласно одредбите од Договорот за кредитна картичка и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.

 

Напомена: Промотивната понуда за кредитни картички се однесува на сите клиенти - физички лица и истата се смета за важечка од моментот на оваа објава, при што корисниците не треба по истатата да се изјаснуваат дали ја прифаќаат или не.

 

 


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорни услови за отплатата на кредитните обврски

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на РСМ бр.76/20 од 24.03.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците („Службен весник на РСМ бр.80 од 27.03.2020 година), со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Еуростандард Банка АД Скопје на ден 07.04.2020 година, објавува


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

Нов поволен потрошувачки кредит наменет за здравствените работници

Почитувани клиенти,

Во услови на пандемија со коронавирус, кога целиот товар паѓа на здравствените работници, Еуростандард Банкаодлучи да им се заблагодари на хероите од првите борбени редови, воведувајќи нов потрошувачки кредитза вработените со здравствените установипод исклучително поволни услови.

Имено, новиот „Кредит Плус“ кој го воведува Еуростандард Банкаво своето кредитно портфолио е со 0% камата за првите три месеци, 0% провизија за обработка, 0% за административни трошоци, како и 0% за предвремена отплата. Износот на кредитот е до 900.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на кредитобарателот, рокот на отплата е до 10 години односно на 120 рати.

Потрошувачкиот кредит „Кредит Плус“, меѓу другото, може да се искористи зарефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, како и за одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, којшто ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

ЕУРОСТАНДАРД Банка со целосно бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека Еуростандард банка ја укинува провизијата на сите денарски трансакции од физички лица преку каналите за електронско и мобилно банкарство. Во следниот период можете да ги извршувате сите трансакции преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налог и без месечен надомест.

• сите интерни трансакции на физички лица
• плаќање на сметки за режиски трошоци
• уплати на рати за кредит
• проверка на состојба на сметка
• локатор на банкомати

Апликацијата за мобилно банкарство може да ја преземете на следните линкови

• Google Play https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.aspekt.mobile.esb
• Apple Store https://apps.apple.com/mk/app/eurostandard-banka/id1232454004

Изберете брзо, едноставно, безбедно и бесплатно користење на банкарски производи и услуги од Вашиот дом, и заштитете го своето здравје и здравјето на другите.

 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

Subscribe to this RSS feed