Деновите на финансиската писменост

Почитувани Клиенти,

Еуростандард банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на Деновите на финансиската писменост, кои ќе се одржат во земјава, од 29 до 31 мај, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции.

Годинава, во рамки на третото издание на Деновите на финансиска писменост, од 29 до 31 мај, во експозитурите на нашата банка, граѓаните ќе можат во непосредна комуникација со нашите вработени да ги добијат сите информации кои им се потребни, а се однесуваат на нашата работа и продуктите коишто ги нудиме, како и информации за современите начини на плаќање, можностите за управување со долг итн.

Еуростандард банка АД Скопје во согласност со своите можности ќе овозможи за сите барања за информации од областа на нашето работење, граѓаните да бидат информирани или советувани од нашите вработени.

Во експозитурите на Банката ќе има истакнат информативен материјал за дополниелно информирање на сите клиенти.

Ве очекуваме!

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ