Logo
Испечатете ја страната

Појава на нелегитимни податоци на интернет во врска со Еуростандард Банка АД Скопје

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека рекламите за отворање на сметки во Еуростандард Банка АД Скопје, кои се појавија на одредени сајтови на Интернет се нелегитимни. Единствено официјално место за податоци е корпоративната веб страница на Банката, а сите останати страници кои во име на Банката собираат податоци се со лажни или злонамерни цели.

Ве известуваме дека Еуростандард Банка АД Скопје нема никаква врска со објавувањето на овие реклами и Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци на Интернет. Во исто време ве повикуваме уште еднаш да ги прочитате „Препораките за сигурно користење на електронско банкарство“.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

© 2020 Еуростандард Банка АД Скопје. Сите права се задржани.