Промена во начинот на извршување на трансакциите од страна на клиентите – нерезиденти

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека согласно регулативата и интерните акти на Банката, Еуростандард Банка АД Скопје изврши промена во начинот на извршување на трансакциите од страна на клиентите – нерезиденти.

Почнувајќи од 01.12.2019 за секој пристигнат девизен прилив на износ еднаков и поголем од ЕУР 10.000 во корист на физички и правни лица нерезиденти клиенти на Банката, пред распоредување на приливот и одобрување на средствата на сметката на корисникот задолжително мора да бидат доставени документи од кои ќе се утврди основот на приливот, потеклото на средствата и намената на средствата.

Доставувањето на соодветната документација е задолжително за сите приливи над утврдениот лимит и истите нема да бидат извршени без приложување на соодветната документација.

За дополнителни информации, Ве молиме информирајте се во најблиската експозитура на Еуростандард Банка АД Скопје.

 

Со почит,

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ