Предвремена исплата на декемвриските пензиии

 

Новогодишно изненадување од Еуростандард банка за пензионерите

 

Примателите на пензија преку Еуростандард банка ќе добијат предвремена исплата на декемвриските пензиии

За поубави Новогодишни празници, исполнети со радост, Дедо Мраз од Еуростандард банка ќе ги изненади своите клиенти пензионери со предвремена исплата на декемвриските пензиии.

Сите приматели на пензии кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард банка, ќе добијат исплата на пензиите на 30 декември.Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка,ќе можат да ја подигнат на мрежата на банкомати и експозитури на Банката, додека пак оние кои ја добиваат во својот дом, Еуростандард банка ги известува дека ќе им биде врачена исто така на 30 декември.

Со оваа одлука, Еуростандард банка продолжува да ја следи својата мисија за задоволување на потребите на своите клиенти, но секако и за континуиран напредок и развој на своето работење во сите свои сегменти.

Еуростандард банка на сите свои клиенти им ги честита Новогодишните и Божиќните празници, со искрени желни за весела, бериќетна и успешна година.


 

Со почит,

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ