Препорака од Еуростандард банка за зголемена превенција од ширење на корона вирусот

Почитувани клиенти,

Со цел зголемена превенција од ширење на корона вирусот, препорачуваме:

• користење на сите банкомати на Еуростандард банка кои Ви се достапни за подигнување на готовина.

Воедно ве потсетуваме дека со нашата Mastercard дебитна картичка на Еуростандард банка, можете да повлекувате средства и од банкомати на сите банки во земјава без надомест.

Користeте ги електронските сервиси за вршење банкарски операции и средствата за информирање наведени на веб страната на Банката www.eurostandard.com.mk.
 
Ви стоиме на располагање за сите Ваши потреби.

 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ