Известување за промена на работно време на експозитури

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека од 20.03.2020 година, експозитурите на Еуростандард Банка ќе работат со променето работно време.

• Експозитурата Централа во работните денови ќе Ви биде достапна од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 10:00 до 13:00 часот.
Експозитурите Аеродром, Култура и Универзална Сала ќе Ви бидат достапни од понеделник до петок со скратено работно време од 09:00 до 15:00 часот.
Експозитурите во градовите Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар и Струмица, ќе Ви бидат достапни со скратено работно време од 10:00 до 14:00 часот. Наведените експозитури нема да работат со клиенти во сабота.
Шалтерите на Еуростандард Банка, во склоп на техничките прегледи Супер Ауто Контрол, во населбите Бутел и Шуто Оризари, времено нема да бидат достапни за работа со клиенти.

Ви препорачуваме да ги користите бесплатните електронски сервиси е-банкарство и м-банкарство, и мрежата на банкомати на Еуростандард Банка.

Ве потсетуваме дека со нашата Mastercard дебитна картичка можете да повлекувате средства и од банкомати на сите банки во земјава без надомест.

Експозитурите на Еуростандард Банка продолжуваат со работа за клиентите со извршување на сите банкарски услуги а сите потребни информации за нашите производи и услуги се достапни на телефонските броеви наведени на веб-страницата на Банката www.eurostandard.com.mk како и на социјалните мрежи.

Ви стоиме на располагање за сите Ваши потреби.

 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ