Ново работно време на експозитурите во Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци и Струмица

Почитувани клиенти,

Во согласност со мерките усвоени од страна на Владата за ограничување на движењето на лицата на возраст над 67 години по 11:00 часот, експозитурите на Еуростандард Банка во градовите Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци и Струмица ќе работат со променето работно време.

Истите ќе бидат достапни за клиентите во периодот од 08:00 до 14:00 часот во деновите од 27.03.2020 до 03.04.2020 година.

Ве потсетуваме дека со нашата Mastercard дебитната картичка можете да повлекувате средства и од банкомати на сите банки во земјава без надомест.

За Ваша поголема заштита, овој период ќе Ве замолиме да се насочите кон плаќања преку Вашите картички и електронско банкарство, и што е можно помала употреба на готовина и посета на експозитурите на Банката.


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ