Еуростандард Банка презема мерки за надминување и ублажување на негативните ефекти од корона-кризната

Почитувани клиенти,

Еуростандард Банка АД Скопје изминатава недела изврши анкетирање на сите свои клиенти правни лица со цел директно согледување на состојбата во која се наоѓаат.

Врз основа на ова направи приоритетна листа на најпогодени клиенти со кои веќе договори примена на мерките за надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот  COVID-19 а согласно Одлуката на НБРСМ и врз основа на Уредбата за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености.

Преземените активности се со цел да не се наруши допонително бизнис-активноста на клиентите и нивната можност да ги заштитат своите вработени

Во следните денови Банката ќе понуди можност за олеснување на отплатата на кредитите за сите физички лица, како и рефинансирање на постоечките кредити, одобрување на нови кредити, по избор на клиентите.

Понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката преку своите канали за комуникација.


 Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ