Logo
Испечатете ја страната

Управен одбор

 
  • 2019 Назначен за Претседател на
    Управен одбор на Еуростандард Банка
    Г-дин Горан Трајковски
    Претседател на Управен Одбор

    Успехот на секој наш клиент е и наш личен успех!

    Кариерата во областа на финансиите ја започна во Министерството за финансии во 2000-та година, како Советник на Министерот за даночна политика и администрација, и воедно раководи со Второстепената Комисија за даноци и царини.

    Со почетокот на процесот за денационализација раководи со повеќе комисии, а со формирањето на Советот за денационализација, станува и негов Претседател и се фокусира на првата емисија на обврзници од денационализација.

    Од Министерството за финансии преминува во Управата за јавни приходи како Директор на Регионална Дирекција Скопје, а паралелно членува и раководи со повеќе владини тела.

    Своето професионално искуство го споделува и надградува и во земјите од регионот како консултант од областа на даночното право и ДДВ.

    За периодот на децентрализација на локалната самоуправа се враќа во Македонија и станува Секретар на Град Скопје, каде во целост ја имплементира фискалната децентрализација и ги воспоставува локалните даноци.

    Најголен дел од кариерата минува во Управата за јавни приходи како Генерален Директор, чии период е одбележан со крупни реформи во даночната политика, воспоставување на систем на бруто плати, регулација на игрите на среќа, финансиска форензика и севкупниот процес на модернизација на даночната администрација.

    По заминувањето од УЈП преминува на директорската позиција во Дирекцијата за заштита на лични податоци, каде се посветува на усогласување на националното законодавство со GDPR.

    Во Еуростандард банка АД Скопје г-дин Трајковски доаѓа во 2019-та година на позицијата Претседател на Управниот одбор.

© 2012 Еуростандард Банка АД Скопје. Сите права се задржани.