ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
ВО КРАТКО
![]() Прво луѓето па профитот! Прв управен одбор, |
ПочетокотЕуростандардбанка АД Скопје се создаде како резултат на визијата на нејзините акционери и основачи, кои пред повеќе години ја увидоа потребата од формирање на нов тип на Банка на овие простори. Банка која ќе се издвои од останатите банки на пазарот, преку својата ефикасност, флексибилност, интегрираност, насоченост кон клиентите и разбирање на нивните потреби.
ЦелЦелта на тимот кој што раководи со Банката е да им овозможи на граѓаните, семејствата, малите и средни бизниси, но и корпоративните клиенти, сигурност и чувство на посветеност кон нивниот успех. Јасната определба на менаџментот, но и на вработените во Банката, секојдневно да пронаоѓаат решенија кои ќе бидат одговор на потребите на нашите ценети клиенти е нашата најголема предност во опслужувањето и работата со клиентите. Нашата сила лежи во професионалниот и искусен кадар кој работи стручно, посветено и во согласност со принципите на приватност и доверливост, а сè со цел да обезбедиме најдобра финансиска услуга на пазарот. |
Стратегија
Стратешките планови на раководството на Банката придонесоа за одржување на нејзиниот раст и континуиранразвој на територијата на целата земја, развивајќи ги производите и услугите на Банката, зголемувајќи го бројот на експозитурите, а преку тоа и бројот на вработените. Следење на модерните банкарски трендови, како и високите банкарски меѓународни стандарди коишто обезбедуваат сигурна законска и квалитетна услуга е нашиот основен мотив во работењето и доближувањето до потребите на граѓаните и компаниите.

Следење на модерните банкарски трендови како и високите меѓународни стандарди коишто обезбедуваат сигурна законска и квалитетна услуга е нашиот основен мотив во работењето и доближувањето до потребите на граѓаните и компаниите
Г-дин Горан Трајковски,
Претседател на
Управен одбор